Притвор за две лица кои со летви истепале гостиварци

by fokus 15:33
15:33

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело  – Насилство од член 386 од Кривичниот законик.

Осомничените, од кои едниот со двојно државјанство на Република Северна Македонија и на Босна и Херцеговина, а другиот државјанин на Босна и Херцеговина, на 18 октомври влегле во дворот на семејната куќа на едно лице од гостиварското село Неготино. Притоа, најпрвин започнале да тропаат на вратата, а откако од куќата излегле три лица – сопственикот, неговата сестра и неговиот внук, осомничените со дрвени предмети – летви започнале да ги удираат оштетените, нанесувајќи им повреди.

- Advertisements -

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител побара за двете лица да биде определена мерка притвор. Судот го прифати ваквиот предлог и на осомничените им определи притвор во траење од осум дена.

Поврзани новости