Април месец на милионери

by Fokus

Низата продолжува. Уште тројца играчи на видеолотариските терминали на ДВЛМ, станаа милионери, освојувајќи ја најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка. Новите милионери кои се стекнаа со Милионер Џек Пот на ДВЛМ ни доаѓаат од Свети Николе, Куманово и Пештани. Сите добивки се освоени кај нашиот деловен соработник Спорт Лаиф Треид.

Среќните приказни со фантастични МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки во април, продолжуваат да се реализираат со несмалено темпо. Нови тројца играчи влегуваат во кругот на македонски милионери, благодарение на ДВЛМ.

Најголемиот износ од оваа убава тројка го освои Стенковски Јованчо од Охрид. Тој забавувајќи се на видеолотариските терминали на ДВЛМ во Спорт Лаиф Треид во Пештани, на  15 април освои 1.502.962 денари. Оваа е негова прва добивка на која особено и се радува и тој и неговата сопруга, затоа што доаѓа во вистински момент, кога семејството ја очекува својата принова. Бебето кое го очекуваат ќе може да добие се што му е потребно, благодарение на оваа убава добивка.

Претходно,  во Спорт Лаиф во Свети Николе, на 06 април играч освои 1.233.137 денари, а само неколку дена потоа, на  10 април во Куманово  беше освоен МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1. 203.627. И овие двајца играчи кои сакаа да останат анонимни, ни раскажаа дека се израдувале на добивката, а парите ќе ги потрошат на убави работи за семејството.

Додека го очекуваме најновиот милионер, само да ве потсетиме, добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 106 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 157.600.915,00денари. Покрај нив, освоени се и 14 159 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 106.154.277,00 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

 

Поврзани новости