Апелацијата одлучува за притворот на Сеад Кочан, тој се уште во бегство

by fokus

Обвинителите на СЈО и одбраната на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан, денеска ги соочија аргументите за барањето за притвор, на јавната седница во Апелациониот суд.

Кочан се уште никој не знае каде е, а меѓународната потерница е распишана веќе пред пет дена.

Неговиот адвокат, тврди дека Кочан е слободен човек и и не е во бегство, туку бил на службен пат. Адвокатот Додевски вели дека Кочан заминал од земјава пред да се издаде наредба за притвор, а дека прашањето, каде е бизнисменот и кога ќе се врати, било ирелевантно. Барањето за притвор пак, го оценува ако медиумска хајка кон телевизијата на Кочан, ТВ Нова, со цел да се влијаело врз слободата на медиумот.

Од СЈО пак, тврдат дека Кочан ја напиштил Македонија веднаш по издавањето на решението за негово притворање. Кочан е главен осомничен во нивниот случај „Труст” во кој се терети дека со фалсификувани документи наместил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Од СЈО велат дека самото тоа што Кочан го нема скоро цела недела, е доволен аргумент за нивното барање за притвор. Дополнително од СЈО  велат и дека предупредиле дека ќе има и интервенција во документацијата.

Тим од тројца судии во Апелациониот суд на јавна седница ги ислушаа аргументите за и контра притворот за Кочан. Сега треба да донесат конечна одлука дали притворот ќе биде потврден или поништен.

Поврзани новости