Ангелов: Мислат дека ја бранат, а токму тие ја загрозуваат унитарноста на Македонија

by fokus 22:06
22:06

Повеќе од јасно е дека протестите се организирани од ВМРО-ДПМНЕ. Верувам дека тие граѓани кои излегуваат на протест мислат дека навистина ја бранат унитарноста на државата иако не се свесни дека на тој начин можат само да ја загрозат унитарноста на Република Македонија – порача денеска претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов.

За протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ вели унитарноста на државата не е загрозена и дека спорните закони кои произлегуваат од палтформата не можат да се донесат без двотретинско мнозинство во парламентот.

Ангелов ги осуди и изјавите на албанската пратеничка Месила Дода како потпалувачки и провоцирачки.

На крајот, уште еднаш го повика претседателот Ѓорге Иванов да не го крши Уставот и да го додели мандатот на Зоран Заев.

Поврзани новости