Апелација сѐ уште нема одлучено дали Ивона Талевска ќе оди во затвор

by fokus

Апелациониот суд сѐ уште нема донесено одлука дали ќе ја потврди условната казна затвор за новинарката Ивона Талевска, или пак ќе ја прифати жалбата на СЈО и ќе и досуди ефективна казна затвор.

Како што дознаваме, Апелациониот суд сѐ уште не закажал јавна седница на која ќе се разгледува жалбата од СЈО, со која реагираат на досудената казна од две години условен затвор за новинарката, според која таа остане на слобода доколку во наредните четири години не изврши кривично дело.

Од СЈО се жалат и на висината на паричните казни кои Талевска и фирмите во кои таа се јавува како управител треба да ги платат. Според првостепената пресуда која следуваше откако Талевска призна вина, таа требаше да плати над 50.000 евра за затаен данок.

Основниот суд Скопје 1, на 19 февруари, ја осуди на условна казна уредничката на ТВ Сител Ивона Талевска за случајот „Тифани“.

Судијката Софија Лаличиќ рече дека наместо ефективна казна затвор судот се одлучил за алтернативна мерка, условна осуда за Талевска, поради нејзиното добро поведение и фактот што Талевска признала вина за даночното затајување.

В.В.

Поврзани новости