438
Претставници на ВМРО-ДПМНЕ, денеска околу пладне, се собраа пред Апелациониот суд каде се одлучува по жалбите за одземените пасоши на партиските функционери и по жалбите на СЈО со кои се бара притвор за обвинетите во неколку случаи.
Од Апелациониот суд информираат дека се донесени сите одлуки по жалбите на СЈО и на осомничените, но истакнуваат дека дел од нив ќе бидат објавени во понеделник.
СЈО со поднесените жалби бараше притвор за дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски, Сашо Мијалков и уште неколкумина, за кои поднесе по неколку обвиненија.