Скопскиот апелациски суд ја уважи жалбата на Сулејман Реџепи и го укина решението на основниот граѓански суд, според кое Скендер Бузаку беше утврден за поглавар на Исламската верска заедница.
Според сознанија на Фокус, Апелација го вратила предметот на повторно одлучување поради неколку пропусти при носењето на првостепената одлука, при што се наведува дека Бузаку при изборот имал една година помалку од потребните 40 години, додека како проблематичен момент се нотира и незапазениот рок на поднесување на документацијата за изборот на новиот поглавар до судот.
Како што е познато, откако граѓанскиот суд во април донесе решение врз основа на документи и одлуки на телата на ИВЗ според кое Бузаку бил избран за поглавар на верската организација, тој почна да бара повлекување од Реџепи, што кулминира деновиве со објавување на финансиски афери за поглаварот.
Во меѓувреме, Реџепи се обиде да го дисквалификува Бузаку на лична основа, користејќи дискриминаторски говор дека е геј.