Апелација пак ја укина првостепената пресуда за „Ровер“

by Фокус 11:35
11:35

Од скопскиот кривичен суд соопштија дека го примиле решението од Апелациски суд, кој вторпат ја укина пресудата на првостепениот суд за случајот „Ровер“, враќајќи го врати предметот на повторно судење, бидејќи, според второстепениот суд, обжалената пресуда содржела такви недостатоци поради кои не може во целост да се испита во однос на нејзината правосилност и законитост.

„Изреката на пресудата не била доволна јасна и разбирлива, а во образложението не биле содржани доволни причини за решителните факти што второстепениот суд смета дека се од битно влијание за законито одлучување во конкретниот кривичен-правен настан, во врска со предметното кривично дело и кривичната одговорност на обвинетите“, стои во соопштението на судот.

- Advertisements -

Во рамки на овој случај, на десетмина обвинети, меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, им се судеше за убиството на Марјан Тушевски и на Киро Јанев во 2001 година. Бошковски на првото судење доби затворска казна од 12 години, додека во повторениот судски процес во ноември минатата година беше осуден на десет и пол години затвор.

Поврзани новости