639
Апелацискиот суд не го прифати барањето на одбраната на Бојан Јовановски – Боки 13, првоосомничен во случајот познат како „Рекет“, за укинување на мерката притвор.
Иако отпадна можноста за влијание врз сведоци, апелација одлучи Јовановски да остане во притвор поради опасност од бегство.
Тој вчера велеше дека има сериозни здравствени проблеми и дека ќе ја докаже неговата невиност.