Апелација ќе одлучува по жалбите на осудените во „Диво Насеље“

by fokus

Специјалци од рано утринава го опколија просторот околу судовите, бидејќи за во 9.30 часот е закажана јавна седница во Апелација на која ќе се одлучува по жалбите на 33-та обвинети во „Диво Насеље“.

Според пресудата на Основниот суд Скопје од  2017 година за терористичкиот напад на 9 и 10 мај 2015 година осудени беа 33 лица. За време на тие настани беа убиени 8 припадници на македонските безбедносни сили, 10 членови на вооружената група и 30 лица беа ранети.

По жалбите на 33-та осудени денеска и утре ќе заседава второстепениот суд. Седумина од обвинетите добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години. Четворица добија ослободителни пресуди. Обвинителството тогаш бараше доживотен затвор за

СДСМ и ДУИ, откако дојдоа на власт, најавија дека за овој случај ќе побараат помош и од меѓународни експерти, но досега нема ништо од тоа.

Катица Јанева од Специјалното јавно обвинителство неодамна изјави дека не пронашле „бомби“ за овој предмет.

-Има индиции во делот на тоа што и како се случувале кумановските настани, но сепак СЈО нема најдено разговори за да може да воспостави надлежност врз тој предмет. Се работи предистрага, но ќе биде многу тешко да се каже дали воопшто ќе се преземе тој предмет“, рече Јанева.

Поврзани новости