428
Апелациониот суд ја прифати жалбата на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, и ја укина пресудата на Основниот суд Скопје 2 со која беше осуден за мобинг, што значи дека случајот се враќа од почеток.
Второстепениот суд наведува дека пресудата е нејасна, неразбирлива и не содржи доволно образложени причини за решителни факти од кои се раководел првостепениот суд при одлучувањето.
Тужбата за мобинг против поранешниот претседател на Кривичен ја покрена врабоен службеник во судот, Горан Стаменковски, поради психичко малтретирање и деградирање од страна на Панчевски кое започнало откако Стаменковски бил фотографиран на протести на Шарената револуција.