Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение со кое истата се уважува и пресудата на Основениот суд Скопје 1 – Скопје против лицата: Георги Тренкоски ослободен од обвинение за „Несовесно работење во службата од чл.353-в став 4 в.в став 3 в.в став 1 од КЗ и Весна Огненоска ослободена од обвинение за делото „Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 став 4 в.в став 3 в.в став 1 од КЗ се укинува и предметот се враќа на повторно судење со наполно изменет совет пред првостепениот суд, јави Правдико.мк.
Имено, Апелациониот суд Скопје со ова решение потретпат го враќа предметот на повторно одлучување со тоа што при повторното постапување, во дадените напаствија стои дека првостепениот суд треба да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од чл 381 став 1 точка 11 од ЗКП, правилно да ги утврди сите решителни факти што се од битно влијание за законито одлучување во смисла на член 14 и член 365 од ЗКП како предуслов за правилно утврдување на фактичката состојба, а потоа и правилно да го примени Кривичниот законик во врска со кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите и нивната кривична одговорност.
Во таа насока првостепениот суд ќе треба повторно да изврши анализа и оцена на сите изведени докази во текот на постапката, а по потреба да изведе и други докази заради правилно утврдување на фактичката состојба, да даде наредба да се изготви нов вешт наод и мислење од срана на тим на вешти лица, при што треба да се утврди дали е нанесена штета, во кој износ , колку и на кој начин и од што произлегува разликата меѓу во износите.
Согласно системот за автоматизирано прераспределување на предмети, предметот ќе биде распореден кај судија за понатамошно постапување кој треба да закаже термин за одржување на главен претрес