Апелациониот суд Скопје ја поништи пресудата на Основниот суд и повторно го врати на судење предметот во кој поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев ги тужи Сашка Цветковска и ИРЛ. Основниот суд ја ослободи Цветковска од вина за клевета, но Апелациониот суд утврди дека понискиот суд не ги ценел доказите совесно и грижливо, не зел предвид повеќе докази и сведочења кои биле против Цветковска и погрешно и нецелосно ја утвдил фактичката состојба.
Затоа, на 23 јуни 2023 година е закажано ново судење, во кое Основниот суд Скопје ќе треба одново да цени како Цветковска и ИРЛ изнесоа невистини во нивните објавени содржини за узвозот на мазут, во кои го наведуваа името на Кочо Анѓушев, а не му дадоа можност да одговори пред емисијата да биде емитувана.
На Основниот суд му е наложено во новото судење да го земе предвид доказот дека Анѓушев имал телефонски разговор со Цветковска, но таа потоа никогаш не поставила прашања кон него. Да го земе предвид и фактот дека наведената емисија во која се клевети поранешниот вицепремиер Анѓушев предизвикала и други навреди и клевети кон него во јавниот простор, испровоцирани токму од тврдењата на Цветковска и на нејзиниот портал и емисија, со што нивната одговорност е уште поголема.
Апелациониот суд го потсетува Основниот суд дека во мај 2021г. кога ИРЛ ги изнесува спорните тврдења против Анѓушев, тој веќе една и пол година не е вицепремиер, така што нејасно е како Основниот суд цени дека Анѓушев морал да трпи посилен степен на сериозна критика бидејќи е носител на висока јавна функција, кога тој не е тоа во моментот кога е клеветен.
Апелациониот суд му наложува на Основиот суд да суди одново согласно чл. 160 од Законот за парничка постапка (ЗПП), со почитување и соодветно ценење на чл. 8 и чл. 343 од ЗПП и ценење на чл.5 и чл. 8 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.
Ставот на проф.д-р Кочо Анѓушев за случајот е дека Цветковска имаше јасна намера да искаже лага на името на Анѓушев во јавниот простор со цел зголемување на својата гледаност и читаност, и да не му даде простор за одговор со цел да не ја демантира однапред. Со тоа ја злоупотреби својата положба на новинар, што е тешка повреда на Законот за медиуми и на основните новинарски начела, за што ЗНМ и Советот за етика треба да ги преиспитаат своите одлуки.