Апелација го потврди притворот за Кочан поради опасност од бегство

by fokus

Апелациониот суд донесе одлука со која останува да важи одредениот притвор за Сеад Кочан.

Како што извести судот, жалбата од одбраната за притвор за осомничениот Сеад Кочан е делумно уважена, односно останатите причини поради кои била определена мерка притвор не се исполнети, но поради причината опасност од бегство, притворот останува.

Веќе една недела Сеад Кочан не е достапен за органите на прогонот, а според неговиот адвокат тој е на службен пат. Според СЈО пак, бизнисменот Кочан ја напуштил државата еден ден откако Кривичен донесе одлука дека му е одреден 30 дневен притвор.

Поврзани новости