Апелација го објави решението за пуштање на Јанева во домашен притвор: Самохрана мајка и невработена

by fokus

Апелациониониот суд вечерва го објави решението за пуштање на Катица Јанева од затворски во домашен притвор.

-Околностите дека обвинетата е жена и самохрана мајка, сама се грижи за своите деца, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачуваување на нејзиното здравје да прима редовна медицинска терапија и да има хигиена во домашни услови, а по потреба да посетува и специјалист, укажуваат дека се исполнети условите за замена на мерката притвор со куќен притвор и за истите советот на овој суд оцени дека се основани и во конкретниот случај исполнети се законските услови за укинување на притворот и определување куќен притвор и мерки на претпазливост спрема обвинетата“ се вели во решението.

На Јанева и е одземен и пасошот и нема право да комуницира со одредени личности.

Поврзани новости