557
Скопска Апелација денеска од Кривичниот суд го доби на понатамошно постапување предметот за градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески. Како што велат од Апелацискиот суд, пред да се одлучува треба да видат што содржи.
Инаку, судијата на претходна постапка, по повод предлогот на СЈО за определување на мерка притвор за Талески, определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена и се забранува тој да го напушти своето живеалиште без дозвола од Судот. Во спротивно, против него ќе се определи мерка притвор.