ЗНМ реагира против одлуката на обвинителството да не го гони Неделковски

by Фокус

Здружението на новинарите на Македонија реагира на одлуката на Вишото јавно обвинителство, кое го одбил барањето кривично да се гони Миленко Неделковски, бидејќи, според обвинителството, тој со закани кон неколкумина новинари не поттикнувал омраза и насилство, туку само искажал ставови за физички лица.

-Станува јасно дека смртните закани кон новинарите се порачани од врвот на власта, која го користи Неделковски како мегафон да предизвика страв и несигурност кај новинарите и да ги одврати од намерата да пишуваат за нејзините недемократски практики на владеење – Насер Селмани, претседателот на ЗНМ.

Неделковски пред неколку месеци на својот официјален фејсбук профил напиша: „Кога ќе излеземе со народот на улица, кога ќе ни преку*чи, а тоа е наскоро, јас со мојата група ќе одам по овој ред: Дома кај БГ да му го исправам погледот. Потоа кај семејството од Брајчино со шиптарска снаа. Е таму ќе има циркуси. Па кај оној што дува на полноќ. После кај СО каде ќе го барам и брат му ВО… И на крај кај Берович Бетон, да нарачам цемент за плочата. Желено 12-ка имам“.

Поврзани новости