442
Апелацискиот суд денеска треба да одлучи дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во случајот „Поткуп“, во кој премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од околу 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.
Адвокатите на Заев побараа од Основниот суд Скопје 1 оваа снимка да се издвои од доказите, бидејќи беше објавена на неколку медиуми, а се работи за тајна снимка. Судот го одби нивното барање по што поднесоа жалба до Апелцискиот суд.