Апел за помош: Да помогнеме Ирена повторно да оди и игра со своите деца

by fokus

Утрото на 27 април било кобно за младата мајка Ирена Танчева. Ни на крај памет не и доаѓало дека нема да успее да ги однесе со колата своите двајца синови на 3 и 5 годишна возраст од Самоилово, до градинката во Ново Село. Несовесен возач и пресечен пат на движење денес ја легна Ирена неподвижна во кревет, објави канал ВИС.

Поради голема повреда белодробните крила, не можело веднаш да се оперира вратниот дел, што предизвикало Ирена, да остане неподвижна. Денес, на нега во родната куќа во Бориево, со децата покрај неа, Ирена гледа надеж во руската болница Неуровита.

Ирена се надева дека по пресадување матични клетки ќе успее повторно да стане на нозе. Ослабена во тело, но со силен дух и ведрина во гласот, Ирена се надева дека повторно ќе може да оди и да игра со своите деца. Бара помош од сите хумани граѓани.

143-500 е бројот на ВИП-ОНЕ

143-115 МОБИМАК

Жиро сметка- 320500027414994- на име Марјан Танчев

Девизна сметка Ирена Танчева, село Самоилово 5, Ново Село, Македонија

IBAN: МК07-320540027415089

SWIFT CODE: CECBMK22 CENTRAL

COOPERATIVE BANK AD SKOPJE

Поврзани новости