Апасиев: Заев е дел од буништето на историјата, заврши неговиот хибриден режим!

by Fokus

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на последната прес-конференција за оваа вечер, го изрази задоволството на настапот на неговата партија на овие локални избори.

„Имаме зошто да славиме. Покажавме дека сме најбрзорастечко левичарско движење во Европа. Сега имаме советници во 30-тина општини. Влегуваме со повеќе советници во Скопје. Ние сме задоволни од овие избори. Што се однесува со кандидатите за градоначалници, тие секаде се трети на списокот, но првичната цел е остварена. Ќе правиме анализи каде потфрливме. Хибридниот режим на Заев завршува. Опозициските тенденции се евидентни. Сега Заев е веќе дел од буништето од историјата“, истакна Апасиев, потенцирајќи дека неговата партија нема да коалицира во втор круг или при предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости