Апасиев: Во тек е операција за поткуп на 5 пратеници, сумите достигнуваат пола милион евра

by Фокус

Во тек е операција на СДСМ за поткуп на 5 пратеници со суми од 100 до 500 илјади евра, рече лидерот на Левица Димитар Апасиев на Канал 5.

-Ги знам по име и презиме – рече Апасиев.

Запрашан за неговиот постизборен статус на фејсбук: „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“, тој рече:

„Што напишав-напишав, нема потреба да се правдам, нека повели обвинителството…“.

Тој порача дека не ги признава изборните резултати, бидејќи, како што рече, им биле украдени 3 пратеници.

-Ова не беа избори, ова беше масакар. 10 милиони евра се истурија директно, 100 милиони евра наоколу. Опцијата беше да нема избори среде пандемија, час порано нели требаше да има избори, а после си отидоа на одмор во Брајчино – истакна Апасиев.

Поврзани новости