Апасиев: Уште синот на Пендаровски да пише Апасиев ми покажа шипак и ми се искриви

by Fokus

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска реагира на статусот на ќерката на кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова, Марија Давкова која вчера преку статус на Фејсбук откри дека Aпасиев пред девет години брутално ја истуркал од кола.

-Кандидатски маки големи. На синот и снајката на Стевчо Јакимовски, наместо венчаница им дале умреница (Боже им помози). На ќерката на Силјановска, Апасиев и ја треснал вратата од колата (ама не била Алфата), не знам точно која година пред нашата ера. Ќерките на Ванковска живееле на Запад – по Европите и Канадите (а не во Кина или Русија, замисли). Уште синот на Пендаровски да пише: – “Еднаш Апасиев, на паркинг, ми покажа шипак и ми се накриви со исплазен јазик” и предизборниот ЦИРКУС може да почне, напиша Апасиев на Фејсбук.

Поврзани новости