Апасиев уште пред неколку дена му порача на Илиевски: Те насанкаа да лежиш!

by Фокус

Димитар Апасиев од Левица, во дебата пред неколку дена на телевизијата Телма, му порача на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Богдан Илиевски дека ќе биде уапсен.

– Кога беше 27 април, јас ставив еден фејсбук статус – ќе висите заедно!… Е сега знаеш што мислам? Дека ќе висиш одделно. Така те насанкаа… – му се обрати Апасиев на Илиевски, кој подоцна во емисијата додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го ставила Илиевски во партискиот извршен комитет со цел неговото апсење да го претстави како удар врз партијата.

Инаку, Илиевски е еден од оние 36 лица што Јавното обвинителство ги гони за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на 27 април, поради тоа што тој беше еден од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, кои на крајот завршија со упад во парламентот.

Поврзани новости