575
Димитар Апасиев, професорот на штипскиот универзитет Гоце Делчев и член на раководството на партијата Левица го предупредува премиерот Зоран Заев дека може да се соочи со затворска казна од 5 години ако ја доведе Македонија во позиција на потчинетост во однос на Грција.
-Во очи на денешната средба Заев-Ципрас во Давос, да се потсетиме на член 308 од Кривичниот законик: „Граѓанин на РМ кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на ПОТЧИНЕТОСТ или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години, напиша Апасиев на фејсбук.