Апасиев: Секогаш во предизборен период има обид за удбашки пуч во Левица

by Фокус

Ноќва е извршен неуспешен обид за пуч во Левица, Фб-пејџот и веб-страницата се хакирани, објави на неговиот личен фејсбук профил Димитар Апасиев, кој исто така беше обвинет дека извршил пуч во партијата од страна на неговиот сопартиец Здравко Савески.

„Апелираме до јавноста да не потпаѓа на лажните шпекулации кои деновиве, додека не ги повратиме овие канали на комуникација, ќе бидат пласирани од овие приврзоци на власта! Симптоматично е што секогаш кога има предизборен период има и обид за удбашки пуч во Левица!? Абе дечки, веќе сте прочитани и не сте интересни“, напиша Апасиев.

Во еден од коментарите, тој напиша дека жалосно е се што луѓето може да направат кога се под закана од кривична казна, алудирајќи токму на Савески, кој го обвини дека соработува со ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости