Апасиев побара да не му се доставуваат материјали на албански, Џафери му рече дека бил еден век назад

by fokus

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица на денешната собраниска седница му укажа на претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе ги враќа материјалите ако повторно им бидат доставени двојазично, бидејќи тоа е противуставно и противделовнички.

– Ние како Левица овие материјали од денеска ќе ви ги враќаме. Ова на албански јас не го разбирам. Барам во иднина на службите да им кажете дека јас не сум пратеник кој зборува јазик различен од македонскиот, да ми доставуваат материјали исклучиво на македонски јазик – рече Апасиев.

Џафери пак му порача дека еден век доцни во однос на перцепцијата и разбирањето.

– Немам што да додадам во однос на процедуралното, во контекст на постапката што ја направи во Собранието и не бара дополнителни објаснувања. Во 1996 година имаше 11 години, доцна си дошол на оваа возраст. За среќа ние сме во 21 век, 2021 година и твојата постапка укажува дека си еден век назад во однос на перцепцијата и разбирањето – му одговори Џафери.

Поврзани новости