688
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук објави дека поголем број на членови на неговата партијa денеска биле повикувани во полициска станица, без притоа, како што вели, да биде наведено од полицајците за кое дело се осомничени.
„Раководни членови на ЦК на Левица, модератори на локални ограноци и општински советници ширум Македонија се повикувани во полициски станици за наводни сторени кривични дела, без да се наведе за кое дело ги викаат!? А бе, озбилно мислите дека ќе нè уплашите? Изгледа уште не знаете со кого си имате работа“, објави Апасиев на Фејсбук.