Апасиев ќе го пријави Џафери зашто му ја објави домашната адреса

by fokus

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев ќе го пријави претседателот на Собранието, Талат Џафери бидејќи објавил негови лични податоци, односно неговата домашна адреса.

Од Левица за „Фокус“ објаснуваат дека тоа се случило при испраќањето на известувањето за одлуката за враќање на иницијативата за референдум, кое Џафери го проследи и до медиумите.

-Претседателот на Собранието, Џафери до медиумите на писменото известување во врска со поднесената иницијатива за референдум, објави и лични податоци за подносителот Димитар Апасиев – од негова страна ќе биде поднесено правно средство за утврдување на повреда до Агенцијата за заштита на лични податоци, велат од Левица за „Фокус“.

Известувањето со адресата, која во оргиналот што го објави Џафери не е покриена

Во известувањето за иницијативата за референдумот упатено до Апасиев, а кое Џафери го објави и јавно, стои и домашната адреса на лидерот на Левица. Домашната адреса се смета за личен податок.

К.С.Б.

Поврзани новости