Димитар Апасиев од Левица на денешната седница за пратенички прашања го праша премиерот Зоран Заев дали е вистина дека се обидел да поткупи пратеници со 300 илјади евра.
-Дали е вистина или шпекулација тоа што после изборите од јули до конституирањето на парламентот сте направиле обид да купите пратеници преку стурмички пајташи за цена од 300 000 евра. Се работи за двајца пратеници од власта кои не се од СДСМ и тројца од опозицијата кои не се од ВМРО-ДПМНЕ, праша Апасиев.
На ова премиерот Заев одговори дека тоа не е точно.
-Негирам било каква инсинуација, срамота е што си дозволувате вакво прашање. Го минавте по рејтинг Мицкоски, ама изгледа сакате и мене да ме минете. Кроткичко, пополека. Не може ем да обвините ем да избегнете одговорност за обвинувањата. Лидер во опозиција вади докази и ги вади во јавноста, одговори Заев.