Апасиев: Арсовска незаконски се рекламира со пари на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, реагира дека Даниела Арсовска иако официјално е независен кандидат за градоначалник на Скопје, сепак го користи платеното политичко рекламирање кое му следува на ВМРО-ДПМНЕ.

-Данела Арсовска, официјално, е независен кандидат за градоначалник на Скопје, со различен број на гласачкото ливче од ДПМНЕ. Правно гледано, немаат ни склучено договор за коалиција.

Тоа значи дека, по закон, и следува само 3% од буџетот за платено политичко рекламирање (околу 15.000 ЕУР) и само 30 секунди на секој час емитувана програма – како и за сите останати “независни кандидати”. Арно ама, она лагано си ги користи 45% од првиот привилегиран пакет на парите кои им следуваат на ДПМНЕ и ААА (цирка, околу милион ЕУР за реклами)!?

ДИК и АВМУ, ко по обичај, мува не ги лази за овие нерегуларности. Btw, овде има и кривична одговорност за нелегално трошење буџетски пари за друг правен субјект, со друг даночен број – а не за оној кој му следува. Ама, договорот Заев и Мицко не признава закони!, напиша Апасиев на фејсбук.

Поврзани новости