864
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вечерва „ги предупреди“ албанските партии дека доколку во четврток не и изгласаат недоверба на Владата, тогаш ДУИ ќе ги прегази на наредните избори.
-Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат. ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а они – максимум 9.
Затоа, памет у глава – емоции на страна и се гледаме на седница. Оти, политика е ШАХ, порача Апасиев.