Антовиќ од Дигестивна клиника е нов декан на Медицинскиот факултет во Скопје

by Fokus

Професор др. Светозар Антовиќ од Дигестивната клиника е нов декан на Медицинскиот факултет, по одржувањето на денешниот избор, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, во првиот круг отпаднале професор д-р. Соња Бојаџиева, која доаѓа од Клиниката за детски болести и доктор Александар Петличковски, актуелен претседател на Комисијата за заразни болести.

Веднаш потоа се гласало за доктор Антовиќ, кој имал над 46 гласа кои биле потребни за да влезе во битката. Со повеќе од 90 гласови „за“ тој станува новиот декан на Медицински факултет.

Во прилог ви ја пренесуваме неговата биографија:

  • Роден на 09.09.1977 година во Скопје
  • Оженет, татко на две деца
  • Основно и средно образование завршил во Скопје со одличен успех
  • На Медицинскиот факултет во Скопје е запишан во 1996 а дипломирал во јуни 2003 година со просечен успех 9,5
  • Во 2004 година го положува државниот испит
  • Од 2005 година започнува со специјализација од областа општа хирургија
  • Редовно е вработен на Универзитетската Клиниката за Дигестивна Хирургија, Клинички Центар – Скопје од 11.08.2008 година
  • 2009 година специјалистички испит по Хирургија
  • 2009 година избран за помлад асистент по општа хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје.
  • 2011 година е избран за асистент по општа хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје
  • 2015 успешно ја одбранува докторската дисертација со наслов “Валидноста на сентинелниот лимфен јазол кај пациенти со колоректален карцином изолиран со употреба на радиоактивен колоид на Tc99m”
  • 2016 година избран за научен соработник по предметот Хирургија
  • 2016 избран за доцент по предметот Хирургија
  • 2019 година успешно го положува супспецијалистичкиот испит со што се стекнува со звање супспецијалист по абдоминална хирургија
  • 2019 година е избран за вонреден професор по Хирургија на Медицинскиот Факултет во Скопје,УКИМ
  • 2020 година е избран за раководител на Катедрата по Хирургија при Медицинскиот Факултет во Скопје, УКИМ

НАСТАВНО-ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ

 Изведува наставно-образовна дејност-предавања на прв циклус студии за студентите по општа медицина, стоматологија на предметите – Хирургија, како и Здравствена клиничка практика. Од 2020 година е одговорен професор по предметот Хирургија за медицински сестри

„Фокус“ уште претходно објави кои се кандидатите кои ќе влезат во трката за декан Медицинскиот факултет во Скопје.

Ирена Мулачка

Поврзани новости