500
Поранешениот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски бара пратеникот Антонијо Милошоски јавно да му се извини во спротивно ќе го тужи за клевета.
– Јавно го повикувам господинот Антонио Милошоски да се извини за лагата која ја објави на својата Фејсбук страница, во спротивно ќе покренам тужба за клевета – вели Костовски.
Пратеникот Милошоски на својот фејсбук напиша дека „на Костовски му е поважен бизнисот за банката од тоа дека ќе стане Северномакедонец“.