Група граѓани поднеле анонимна преставка до Државната комисија за спречување на корупција за набавка на пијано, кое го набавило средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ Скопје, по цен од 55.000 евра.
Во преставката се наведува дека концертниот клавир е набавен со договор за јавна набавка со фирма „Пијано Центре ДООЕЛ“, склучен на 31.08.2021 година, по цена од 3,540,000 денари.
-Истиот модел на концертен клавир (P194 Storm Grand Piano), во други продажни салони во Македонија, може да се најде за 1,792,000 денари, се наведува во преставката.
Поради сомнежите на анонимните пријавувачи, дека клавирот бил прескапо платен, бараат да се извршат неколку проверки во училиштето и тоа:
-Да се изврши проверка на начинот и законитоста при сите трошења на финансисикте средства во ДМБУЦ (од буџетска сметка и сметката за училишна партиципација), поврзани со сите јавни набавки за потребите на Училиштето, а реализирани во периодот од јуни минатата и оваа учебна година, се наведува во преставката.
В.Д. директорката на училиштето Даница Стојанова пак ги отфрала обвинувањата за недомаќинско работење. Таа смета дека хајката против неа се води бидејќи наскоро ќе се изврши избор на директор на училиштето.
-Откако ме назначија, јас работам тимски, тоа е мојот стил, значи направени се стручни комисии, координативни тела, имаме администрација, педагошка служба, наставнички и училишен совет и сите тие имаат свои задолженија.
Директорката не може да набави ништо. Во Центарот си постои стручна комисија за јавни набаавки. Таа е од членови вработени во училиштето – Снежана Проковиќ како претседател, Николина Ефтимова Тодоровска член и Симеон Стефковски кои ја спроведуваат постапката за јавни набавки на пијано.
Во годишната програма за план за јавни набавки од 2021 година, оваа набавка беше ставена во план од претходното раководство. Јас поднесов барање во Министерството за образование. Ни одговорија дека министерството има определено средства за набавка на клавир во вредност од 2.500.000 денари. Уште пред да дојдам на позицијата, Училишниот одбор носи одлука дека од ученичката партиципација ќе се набавуваат и инструменти, што е многу во ред. За набавката на клавирот се јавува само еден понудувач, вели Стојанова.
Од Антикорупциска потврдуваат дека до нив стигнала анонимна претставка и дека е отворен предмет.
-Од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата е оформен предмет по доставена анонимна пријава од група граѓани со која, покрај останатото, се бара да се изврши проверка на законитоста на постапката и целокупната тендерска документација од реализирана јавна набавка на концертен клавир за потребите на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Скопје.
Постапката по наведениот предмет е во тек, ни одговорија од Антикорупциска.