581
Државната комисија за спречување на корупцијата „со иднигнација и во целост“ ги отфрла, како што се наведува, искажаните обвинувања и паушални наводи објавени од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Ѓорѓе Иванов кон претседателот на Комисијата Билјана Ивановска.
Во соопштението се наведува дека Државната комисија за спречување на корупцијата е колективно тело и сите одлуки ги носи на јавна седница со мнозинство гласови, така што целосно е неосновано искажаното сомневање за злоупотреба на нејзината функција.
Државната комисија за спречување на корупцијата на доставеното барањето од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов писмено ќе одговори, се посочува во соопштението.