Антикорупциска крие со колкав имот заминале Мијалков, Јанкуловска и Јанакиевски

by Фокус

Антикорупциската комисија одбива да соопшти со колкав имот дошле, а со колкав имот си заминале од функцијата поранешните министри за транспорт и внатрешни работи, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, како и бившиот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, објави Призма.

Комисијата ги смета за „личен податок“ прашањата за тоа со колкав имот функционерите доаѓаат на власт, а со колкав имот си одат, со што на јавноста ѝ е оневозможено да знае колкава промена на имотот настанала кај функционерите додека тие биле на власт.

Антикорупциска образложила дека „именуваното лице повеќе не ја извршува спомнатата функција, односно истото нема својство на избрано/именувано лице, а бараните информации содржат лични податоци кои се заштитени со закон, па нивното откривање значи повреда на заштитата на личните податоци и навлегување во приватноста“.

Поврзани новости