По ДИК, медиумите одново тема во партиските преговори

by Фокус 13:08
13:08

Преговорите на политичките партии за реформите во медиумите што треба да се направат во согласност со Договорот од Пржино, денеска продолжуваат во Клубот на пратениците.

Според информациите, политичките партии треба да договорат промена на раководството на МРТВ и на државната агенција МИА, како и за нов состав за Советот на Агенцијата за медиуми. Преговорите за медиумите одамна се почнати, но никако да се најде конечно решение.

- Advertising -
"

Новинарските здруженија неколку пати излегоа со став дека не е добро ако во процесот не бидат вклучени и новинарите со свои предлози.

Поврзани новости