Антикорупциска ќе го проверува Рашковски

by Fokus

Државната комисија за спречување на корупцијата  ќе проверува дали генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, влијаел надвор од своите ингеренции на тендерот за безбедносниот систем на Македонска навигација.

Од Антикорупциска ќе проверат дали Рашковски навистина, како што тврдеше на прес-конеференцијата во вторникот, имал право да присуствува на состанокот со претставниците на „Леонардо“ како задолжен од Владата.

ДКСК ќе треба да утврди и дали тој има евентуална вмешаност во изборот на оператор која треба да постави нов радарски систем на македонскиот аеродром, како што тврдат медиумите кои ја пренесоа аудио-снимката со транскриптот од прислушкуваниот разговод на свиркачот Климент Чепуњоски, доскорешен член на управата на Македонска навигација.

Поврзани новости