534
Претседателката на Државната комисија за спречување корпуција, Билјана Ивановска во вечерашното интервју за телевизија Телма рече дека притисоци има, а доаѓаат од оние за кои ги завршиле постапките и ги објавиле.
-Знаете како е во Македонија, сите сме за борба против коруција, но никој не сака да учествува и да биде дел од резултатот. Знате што мислам на тоа. Доаѓаат притисоци од тие што сме ги завршиле постапките и сме ги објавиле. И сега слушаме дека ни се смртни непријатели, вели Ивановска.
Таа додава дека и тужбите кои се поднесени против Антикорупциска се еден вид на притисок.