Ивановска: АНБ има добри процедури за селекција, зошто не ги испочитувале до крај не знам

by fokus

Претседателката на Државната комисија за спречување корпуција, Билјана Ивановска во вечерашното интервју за телевизија Телма рече дека таа има чувство дека политичарите кои присуствувале на денешниот настан дале искрена поддршка за борба против корупцијата.

-Овие промени се тешки и спори. Една година претходно каде бевме? Сите политичари кои дојдоа денеска мислам дека искрено го направија. Тоа го почувствував. Сепак, времето ќе покаже, вели Ивановска.

Таа додава дека Агенцијата на национална безбедност има добри процедури за селекција, но не ги испочитувале до крај.

-АНБ има добри процедури, зошто не ги испочитувале до крај, односно зошто ветингот не го спровеле до крај, тоа не ми е јасно. Пред да почнат со процесот на селекција, директорот на АНБ дојде во Антикорупциска и побара мислење во однос на вработување на блиски лица и роднини и јасно му објаснивме дека тоа ќе влијае на објективноста и на квалитетот на работа. Зошто потоа не не послушале, не знам, рече Ивановска.

 

Поврзани новости