Недостасуваат делови од договорот со „Бехтел и Енка“ што Владата го доставила до Антикорпциската комисија, вели претседателката Билјана Ивановска.
Според неа, во доставената документација недостасуваат прилози кон договорот. Иако ДКСК се обратиле до Владата, добиле одговор дека е истата документација која била испратена до Собранието.
–Ако дојдеме до заклучок дека во тие прилози покрај некои менаџерски специфичности што се однесуваат за фирмата, постои нешто друго, ќе ги побараме и нив – рече Ивановска, посочувајќи дека нема сознанија дали во тие прилози има нешто што е дополнителна обврска за државата.
Од Владата во изјава за Телма потврдиле дека до антикорупционерите е пратена скратена верзија без да се повикаат на законска одредба.
„По одобрување од Владата како носител на Договорот за изградба на автопатот Коридор 8 и автопатот на Коридор 10-Д истиот беше доставен до Државна комисија за спречување на корупција во форма во којашто беше одобрен за ограничена употреба од засегнати страни“, истакнале од таму.