Антиќ за Обрадовиќ: Најдобар пријател ти е 22 часа, а два часа ти ја вади душата

by Fokus

Екс македонскиот кошаркар Перо Антиќ отворено проговори за соработката со познатиот српски тренер Жељко Обрадовиќ.

Антиќ настапуваше во Фенербахче под водство на актуелниот тренер на Партизан и во 2017 година ја освои шампионската титула во Евролигата. Тој потсети на неколку интересни анегдоти од тој период.

„Жељко Обрадовиќ е мислител. Едноставно е, има девет титули во Евролигата и седи и гледа НБА до три часот наутро и учи“ вели Антиќ и додава:

„Тој има клучеви, суеверен е. Најдобар пријател ти е 22 часа, а два часа ти ја вади душата. Ако ти каже: `Ова е дрво`, ќе речеш: `Дрво е`. Ако ти каже: `Железно е`, ќе речеш: `Железно`. Него можеш да му се спротивставиш, но на крајот се губиш. Тој те учи на дисциплина и на се“ – објасни Антиќ.

Се уште се сеќава на еден совет што му го дал популарниот Жоц.

„Не би менувал ништо кога би се родил повторно. Жељко Обрадовиќ еднаш ми рече `Како живееш, така ќе умреш` е моето мото“, изјави Антиќ за магазинот „Елевајт“.

Поврзани новости