Анонимен Пакистанец донирал 30 милиони долари во турската амбасада во САД

by Fokus

Анонимен маж во САД донирал 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија, изјави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој ја објави веста на Твитер.

Шариф објави дека донаторот е Пакистанец.

„Длабоко сум трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша премиерот на Твитер.„Ова се толку величествени дела на филантропија кои му овозможуваат на човештвото да триумфира над навидум непремостливите околности“, додаде Шариф.

 

Поврзани новости