Тетовецот Мурсели заедно со тимот спасија дете: Ирмак е жива!

by Fokus

Тетовскиот алпинист Надир Мурсели заедно со тимот од Србија, во кој е тој, денеска спасија девојче од под урнатините во Турција.

Како што вели тој, акцијата била тешка, но не се предале во ниту еден момент.

,,Бевме на два метри од девојчето. Се копаше рачно и конечно го спасивме. Ирмак е жива”, вели тој.

Мурсели пред неколку дена замина сам во Турција да помогне на настраданите по страшниот земјотрес од понеделникот, во кој беше погодена и соседна Сирија.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости