479
Oпозициската ВМРО – ДПМНЕ пред претседателските избори, има причини за задоволство. По барање на партијата на Христијан Мицкоски, биле спроведени повеќе испитувања на јавното мислење и телефонски и теренски, на репрезентативни примероци кои се движат од 1.200 до 2.500 испитаници, пренесува „Дојче веле“.
Според нив, се проценува дека излезноста на претседателските избори ќе биде меѓу 50 и 55 отсто, односно помеѓу 900.000 и 1 милион гласачи.
„Предноста на Гордана Силјановска-Давкова во однос на Стево Пендаровски е 15% кај Македонците, а во тотал е 5 отсто од вкупниот број на излезени гласачи или во бројка – ќе зависи од излезноста во првиот круг и ќе се движи помеѓу 45.000 до 50.000 гласови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.