По 20 дена зад решетки Ибраими излегува од затвор

by fokus 15:50
15:50

Освен екс директотот на УБК, Сашо Мијалков, од притвор денеска треба да излезе и Бедредин Ибраими, кој помина дваесет дена во истражниот затвор „Скопје“. Ова одлука денеска ја донесе Апелационит суд.

-Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-13/19, во јавноста познат како „Титаник 2“ , по одржана јавна седница, донесе одлука со која жалбите на обвинетите Б. И., С. М. и А. С., делумно ги уважи.

- Advertisements -

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема  обвинетиот Б. И. определи куќен притвор со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година, односно до започнување со издржување на казната.

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема  обвинетиот С. М. определи куќен притвор со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година, а најдолго 60 дена сметано од 08.03.2019 година.

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема  обвинетата А. С. определи мерка на претпазливост – Обврска на обвинетата да се јавува повремено во Основен суд Битола секој работен вторник, со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година.

Жалбите на обвинетите В. С. и С. С., се одбиваат како неосновани.

Вака донесената одлука ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, пишува во соопштението на Апелација.

Поврзани новости