Анкета на Стратум: За листите на СДСМ ќе гласаат 24.9%, а за ВМРО-ДПМНЕ 22.8%

by fokus

Вкупно 24,9% од граѓаните би гласале за листите на СДСМ на локалните избори, а 22,8% за листите на ВМРО-ДПМНЕ, покажува анкетата на Стратум Р&Д нарачана од новинската агенција Макфакс. Анкетата е направена телефонски, на примерок од 1000 испитаници во периодот од 25 до 30 септември.

На прашањето да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите, по СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ следи Независна листа со 12,9 %, а нема да излезат на гласање 12% од граѓаните. За ДУИ се определиле 10%, за Алијанса на Албанците 9,3% и други 1,7%.

Вкупно 27,1% сметаа дека СДСМ има најдобра понуда на овие избори, а 24,7% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја има најдобрата понуда. На ова прашање 13,4% одговориле за Независна листа, за ДУИ 11%, за Алијанса на Албанците 10%, за Левица 6,5%, Други 4,7%, за ДОМ 2,6%.

Граѓаните со висок процент од 42,6 одговориле дека екологијата е ургентен и најголем проблем. Понатаму, 40,3% кажале дека проблем е отворањето нови работни места, 37% отворање градинки и училишта, за средување на паркинзи се изјасниле 35,4%, за патна инфраструктура 33%, за решавање на проблем со кучиња скитници 25%, за средување на сообраќаен хаос 20%, за разубавување на фасади 9%, за отворање здравствени центри во рурални средини 8%, за домови за стари лица 6% и 4% за друго.

Поврзани новости