„Анима Мунди“ згрозени од Вевчанскиот карневал, обвинуваат дека се мачеле животни

by Фокус

Од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, алармираат дека се згрозени од фотографиите и информациите добиени за Вевчанскиот карневал, кои, според нив, без дилема покажувале дека за време на карневалот се овозможил садизам и толерирало насилство врз животните.

Од Здружението истакнуваат дека најостро ја осудуваат злоупотребата и мачењето на животните.
-Кокошки наденати на вили, живи преплашени кокошки врзани за екстремитетите и фрлани во воздух како да се топки а не живи битија; обезглавена живина; труп на убиено куче заврзано за екстремитетите како плен, влечкано и мавано од толпата за да се прикаже пагански ритуал; живо куче со заврзани очи влечено (приморувано) да оди во толпата народ, иако од превезот не гледа ништо и јасно покажува паника, стрес и уринира од страв; натоварени магариња, коњи приморувани да одат во толпата, тепани доколку не сакаат да продолжат; обезглавени зајаци!, реагираат од „Анима Мунди“.

ubieno kuce2

Од таму додаваат дека се шокирани што наместо уметност, досетливост, хумор и сатира, Вавчани овозможили и истолерирало насилство, страв, крв и безумие.

-Уметноста која секоја година ја прикажува најстариот карневал во нашата држава со кој без исклучок сите се гордеевме е засенета, засенета е бидејќи газеше по животи, бидејќи ја обезвредни слободата на животните и нивните права загарантирани и со закон! Ова не е здрав хумор и ова не го прават здрави луѓе туку девијантни лица –со тоа карневалот не прикажа како дивјаци и насилници кои не се користат со уметност и маски туку во недостиг од имагинација посегаат по животи, стојат инертни пред стравот, болката на животните, смртта на животните, се подсмеваат!, истакнуваат од здружението.

Тие побараа јавно да се осудат организаторите и да се казнат сите оние кои ги мачеле животните.
-Ние, „Анима Мунди“ заедно со здруженијата „Анималиа“ (Охрид); „Гласот за животните“ (Велес); „Animal world“ (Струга); „Втора шанса“ (Кочани); „Мали херои“ (Битола); „Фауна“ (Куманово) се обраќаме до организаторите на Вевчанскиот карневал, Министерството за култура, министерката Елизабета Канческа-Милевска, општина Вевчани, градоначалникот Цветомир Угриноски и бараме да јавно го осудат насилството врз животните кое непречено се случуваше за време на карневалот во Вевчани – да се оградат и осудат истото како манифестација, зошто во спротивно ќе бидат соучесници, велат од „Анима Мунди“.

ziva kokoska so vrzani noze frlana

 

 фотографиите до медиумите ги испрати „Анима Мунди“

Поврзани новости