Здружението Анима Мунди соопшти дека штипскиот стационар моментално е затворен, откако се појавија неколку случаи каде кучиња умираат поради топлотните удари. Според нив, смртта на кучињата е предизвикувана поради целосна дехидрација, гушење, откажување на витални органи и изнемоштеност на кучињата.
Тие бараат забрана за ветеринарска дејност од ветеринарот Крсто Митов и негова одговорност, наведувајќи дека тој нанесува само штета кон животните.
Одговорност бараат и од градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кој според нив го толерирал сето ова, тврдејќи дека Анима Мунди за сето ова лажат, пишуваше во соопштението на здружението.
– ,,АХВ повторно прашуваме како така лесно казнувате активисти кои се старатели на бездомни животни, а мижите над овие зверства и издавате дозвола за работа? Вие сте тие кои го ставија во функција лимениот „стационар“ во општина Штип , со кој најгрубо се кршат одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните како и Правилниот за техничките услови за прифатилишта” стоеше во соопштението на Анима Мунди.