– Многу повозрасни граѓани, кои неретко живеат сами, имаат миленици, кои поради извршување на физиолошки потреби мора да бидат прошетани неколку пати во текот на денот, не само наутро, а некогаш и подоцна од 21 часот, велат од „Анима мунди“.
Од здружението информираат дека нивното барање е доставено до Владата и министерот за здравство Венко Филипче, но се уште не добиле одговор.
Од „Анима Мунди“ појаснуваат дека со забраната за движење се засегнати минимум 80 илјади сопственици на миленици територијата на Македонија кои немаат начин да го изнесат својот миленик ниту по 10 минути по временски период од 21 часа, што, пак, е неопходно тие да ги извршат физиолошки потреби.
Здружението предлага мерката да биде регулирана по пример на другите држави, како на пример Србија, Грција и Шпанија.
-Исто така бараме јавно да биде соопштено од министерот за здравство, д-р Венко Филипче дека милениците и бездомните кучиња и мачки не го пренесуваат коронавирус (Ковид -19), како што соопштува Светската здравствена организација, со цел да се избегне создавање паника кај населението и непотребно дефокусирање од потребните мерки за справување со понатамошно ширење на вирусот, велат од „Анима Мунди“